Како поминува времето, автомобилите се сè повеќе дигитализирани, а технолошките компании бараат партнери од автомобилската индустрија за да направат автомобил, па така и Fiat оствари соработка со компанијата Google.
Oва би можело да биде најекстремната соработка досега: Fiat 500s, 500X кросовер и 500 L MPV се брендирани со Google бои и графикони, а над предните гуми ќе биде изгравирано „Hey Google“.
Сите три автомобили ќе имаат екрани од 7 инчи со инсталиран Google Assistant, а некои од нив во понудата ќе имаат уникатни опции поради Fiat Mopar Connect сервисот.