ФИФА ги објави кандидатите за Најдобар фудбалер во светот: Меси фаворит

Управното тело на светскиот фудбал (ФИФА) објави скратена листа од 14 имиња кои конкурираат за наградата Најдобар фудбалер во светот за 2022 година.

Списокот денеска го објави ФИФА, а гласањето започна веднаш и ќе трае до 3 февруари, пред да биде прогласен победникот на церемонијата на The Best FIFA Football Awards.

На чело на листата е Лионел Меси, кој минатиот месец со Аргентина го освои Светското првенство во Катар. Заедно со Меси има уште еден негов соиграч од репрезентацијата на Аргентина.

Токму овој негов соиграч е апсолутно изненадување на оваа ФИФА листа. Станува збор за Хулиан Алварес, кој се бори за минутажа во својот Манчестер Сити и ретко има можност да игра, иако неговото време допрва доаѓа и јасно е дека се работи за извонреден талент.

Многумина очекуваат Меси да ја освои оваа престижна награда, но тоа не е сосема сигурно, бидејќи наградата се доделува за настапи меѓу август 2021 и декември 2022 година.
Овој 16-месечен период ја вклучува првата сезона на Меси во Пари Сен-Жермен, која во најмала рака беше неубедлива - постигна само 6 гола.

Останатите имиња се горе-долу очекувани. Меѓу 14-те најдобри играчи во светот се четворица од ПСЖ, тројца од Реал Мадрид, тројца од Манчестер Сити, а по еден од Баерн, Барселона, Борусија и Ливерпул.

Сите 14 кандидати за Најдобар фудбалер:

Хулиан Алварес (Аргентина / Ривер Плејт / Манчестер Сити)
Џуд Белингем (Англија / Борусија Д.)
Карим Бензема (Франција / Реал Мадрид)
Кевин Де Брујнe (Белгија / Манчестер Сити)
Ерлинг Хoланд (Норвешка / Борусија Д. / Манчестер Сити)
Ашраф Хакими (Мароко / Пари Сен-Жермен)
Роберт Левандовски (Полска / Баерн / Барселона)
Садио Мане (Сенегал / Ливерпул / Баерн)
Килјан Мбапе (Франција / Пари Сен-Жермен)
Лионел Меси (Аргентина / Пари Сен-Жермен)
Лука Модриќ (Хрватска / Реал Мадрид)
Нејмар (Бразил / Пари Сен-Жермен)
Мохамед Салах (Египет / Ливерпул)
Винисиус Жуниор (Бразил / Реал Мадрид)

За наградата Најдобар тренер номинирани се:

Карло Анчелоти (Реал Мадрид)
Дидје Дешан (Франција)
Пеп Гуардиола (Манчестер Сити)
Валид Реграги (Видад / Мароко)
Лионел Скалони (Аргентина)

Гласањето онлајн можете да го направите со клик тука.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Фудбал

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Read more

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more
 

Спорт

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе