Синоќа се одиграа три натпревари од плејофот во НБА лигата во кои победија Филаделфија, Бостон и Чикаго.
Филаделфија славеше на гостувањето во Торонто со резултат 104:101 по продолжение и поведе со 3-0 во серија, а потребна ѝ е само уште една победа за да се пласира во второто коло на Истокот.
Најзаслужен за триумфот на 76-ерс беше Џоел Ембиид кој погоди тројка за победа на 0,8 секунди пред крајот на продолжението. Камерунецот мечот го заврши со 33 поени и 13 скока.
Бостон го совлада Бруклин со 114:107 и сега има предност од 2-0.
Чикаго славеше на гостувањето кај Милвоки со резултат 114:110 и израмни на 1-1 во серијата благодарение на одличниот Демар Дерозан кој постигна 41 поен со 7 скока.
Од друга страна, Јанис Адетокумбо брилираше со 33 поени, 18 скока и 9 асистенции, но и тоа не беше доволно за победа на Бакс.