Филипче: Денеска има помалку случаи со COVID-19, засега не се потребни дополнителни рестрикции

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска има нешто помалку случаи со болни со COVID-19 за разлика од претходните денови. 

-Бројката на новодијагностицирани денеска е под 1.000. И тоа што очекуваме во следниот период во таа насока да оди ситуацијата, односно да има стабилизирање, односно полицискиот час што беше воведен пред една недела, десетина дена да ги даде резултатите, изјави Филипче.

Oд почетокот на оваа недела имаше забрзано полнење на болничките капацитети, пред се, на интерните клиники со цел, како што речe, да се обезбеди доволно простор оној дел на хируршките клиники кој за време на кризата во претходниот бран, во ноември,  никогаш не се пополни, го ставивме во функција.

-Но, сега и на интерните клиники има сосема доволно празни болнички кревети така како што беше во пикот во бранот во ноември. Сакајќи да обезбедиме и дополнителен простор целосно опремен за да може да се третираат пациенти со COVID-19, уште едно одделение, тоа е за пластична хириргија и уште едно на призмејето, тоа се одделенија на хириргија кои имаат посебни влезови и не ги контамнираат оние заеднички простории на хируршките клиники и лифтовите, практично сега се слободни и на располагање за сместување за ковид-пациенти и потенцијално најгорниот кат на Клиниката за кардиологија. Тоа се вкупно дополнителни, од оној максимум за време на вториот бран во ноември, 100 кревети повеќе за третман на овие пациенти, појасни Филипче.

Ова, како што нагласи, го правиме за сигурност, ова го правиме за да обезбедиме секој пациент доколку има потреба биде сместен.

-Спремни сме да препорачаме и дополнителни рестрикции, но во секојдневна консултација и со тимот што ги координира приемите во болничките капацитети, секако и членовите на Комисијата за заразни болести, засега сметаме дека дополнителни рестрикции не се потребни, изјави Филипче.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе