Филипче: Изолацијата за време на долгите карантини го зголеми бројот на случаи на семејно насилство

Оваа криза не само што ни дава еден таков предизвик за третман на пациентите со COVID-19, дава и некои други специфики, кои се повеќе и повеќе излегуваат на виделина. Имено, очигледно е дека стресот го прави своето, дека ова што треба да сме на некој начин на физичка дистанца, што е сосем спротивно на тоа што е еволуцијата на човештвото нè учи, а тоа е заедништвото, и изолацијата за време на долгите карантини, според резултатите од Клиниката за психијатрија, резултираа со зголемен број случаи на семејно насилство.

Ова денеска по повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените, го истакна министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека на Клиниката за психијатрија секојдневно се регистрираат случаи на семејно насилство, а нејзината онлајн амбуланта е преоптоварена со повици и тоа трае од од март кога почна кризата.

– Колегите се силно посветени на ова прашање, ги решаваат проблемите и ги зголемуваат тимовите кои излегуваат во пресрет на жртвите на насилство, потенцираше Филипче и додаде дека некаде околу 30 отсто е зголемувањето во однос на истиот период во 2019 година. И претходно, пред COVID-19 кризата во инклузивен процес, во соработка со сите институции и сите граѓанските организации се отворија три центри за третман на жртви на насилство во гинеколошко-акушерската клиника, во болницата во Тетово и болницата во Куманово. Тоа се центри што се целосно опремени од медицински аспект. Работат тимови од гинеколози, психолози, социјални работници, кои се на повик 24 часа и експерти од областа на судската медицина. Еден од најголемите предизвици со кои здравствените работници се соочуваат е жените кои се јавуваат на преглед практично да го признаат тоа, рече Филипче.

Според него, треба многу вештина во пристапот, во разговорот, во отвореноста, затоа што во огромен број случаи сè уште за жал постои страв.

– Ова е процес што планираме да го продолжиме. Оваа криза одложи проекти, планови, меѓутоа секако планираме такви центри да има посебно во големите болници ширум државата. Жените знаат каде може да се обратат, сигурни се дека може да добијат соодветна стручна помош, а ние сите заедно да работиме на подигнување на свеста, заедно институциите, медиумите, граѓанските организации се со цел вакви случаи да има се помалку, додаде Филипче. 

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе