Филипче: Кинеските вакцини ќе тргнат утре од Пекинг, во Скопје ќе стигнат или на 30 април или на 1 мај

Според последната информација од вчера, кинеските вакцини на 28 април треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, на 30-ти од Истанбул во Белград и оттука најверојатно или на 30-ти вечерта или на 1 мај со специјални камиони ладен ланец ќе пристигнат во Скопје, по што ќе ги сместиме во ладната соба во поликлиниата „Јане Сандански“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче информира дека уште истиот или следниот ден, според веќе планираната дистрибуција и начинот на пријавување и бројката, ќе се дистрибуираат во сите пунктови за масовна вакцинација во државата, за да веќе од вторник, по празниците, истиот процес започне.

Филипче рече и дека досега се вакцинирани околу 53.000 граѓани.

Министерот, во врска со рестриктивните мерки, рече дека будно ја следат ситуацијата и оти на вчерашната средба со верските лидери разговарале да апелираат до граѓаните да се придржуваат до превентивните мерки, бидејќи, посочи тој, тоа е единствениот спас за да нема некакво влошување.

– Подолг период наназад имавме рестриктивни мерки. На почеток полицискиот час, што во еден период даде резултат и кривата се стабилизираше, се израмни и после тоа практично беше парабола и сѐ уште е онаа што ја имитира онаа крива од месец ноември. Што значи дека во моментот кога започнаа да опаѓаат бројките, во тој момент, воведовме дополнителни рестриктивни мерки, со цел процесот да се забрза, да се изпразнат болниците, меѓутоа имајќи предвид дека пред нас се празници, а поучени од искуството од минатата година дека празниците беа еден момент на влошување на епидемиолошката состојба, рече Филипче.

Според него, добро е што тоа даде резулат и сега, како што рече, имаме сѐ помал број на заболени, сѐ помал е притисокот на пациенти за прием во болниците и ширум државата и во Скопје и од една во друга здравствена институција, оценувајќи оти овој бран стивнува, но сепак ја следат состојбата тука и во другите земји.

Премиерот Зоран Заев, во врска со предложените мерки на Комисијата за заразни болести пред претстојните верски празници, рече дека Комисијата навремено ги донела досегашните мерки, порачувајќи им на граѓаните дека ако продолжиме понатаму како и досега, да ги почитуваме мерките, пред сѐ на лична заштита, мерките на негрупирање, ќе можеме да го потврдиме вниманието за важниот социјален аспект на животот на граѓаните, а тоа е верата и традицијата, притоа да не дозволиме да се зголемат бројките. 

Заев рече и дека во исто време треба и да се изменаџира посетата на верските храмови, црквите или џамиите, тоа да биде согласно протоколите и мерките.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Читај повеќе

ДИК ги усвои приговорите за 7 избирачки места

Читај повеќе