Филипче: Кога и да се одржат изборите мора да се спроведат по строг протокол, работиме на олабавување на мерките

Кога и да се одржат изборите тие мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните, изјави министерот за здравство.

 

„Деновиве се појавија тези дека олабувањето на мерките може да се поврзе со политиката. Во изминатите 2 и повеќе месеци ниту една одлика не е донесена за било каков политички интерес. Комисијата ќе препорача дали и кога ќе има можност да се одржат изборите коишто доколку се одржат ќе бидат одржани според посебен протокол“, нагласи Филипче. 

„Протоколот ќе биде изработен од  Комисијата за заразни болести заради тоа што нема да дозволиме каква било организација што може да го загрози успешното менаџирање на оваа здравствена криза“, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.

Што се однесува до мерките, Филипче вели дека очигледно е дека бројката на заболени пациенти се намалува, епидемијата спласнува, тоа особено нè радува и ни дава за право да работиме на олабавување на мерките, постепено да се враќаат на работа сите компании и субјекти кои се сега затворени.

– Се изработија протоколи кои се споделија со економски оператори за кои се наменети. За дел од нив се стигнати и нивните мислења, за другиот дел ги очекуваме овие денови и верувам дека до крајот на оваа недела веќе сите протоколи ќе бидат завршени врз основа на анализите и дека од почетокот на следната недела тие ќе може да се применуваат, додаде Филипче. 

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more
 

Вести

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе