Филипче: Нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот на секоја жена

Нашите заложби се да обезбедиме здравство за квалитетен живот за секоја жена, порачал министерот за здравство Венко Филипче кој вчера по повод Меѓународниот ден на жената бил во посета на Организацијата на жени на СДСМ во скопската населба Гази Баба.

Како што информира Министерството за здравство, Филипче говорел за женското здравје и за правата и можностите на здравствена заштита на жените. Посочил дека со измените на законот за абортус, волјата на жената е ставена на прво место, односно таа има право на репродуктивна слобода.

Министерот се осврнал и на воведувањето нови терапии за жените кои имаат рак на дојка. Истакнал дека жените после операција или без операција на карцином на дојка, ја имаат целата терапија што им е потребна. Изминатиот период обезбедени се и бесплатни ортопедски градници, а воведена е и напредна технологија за скрининг на рак на дојка во рана фаза со точна и прецизна дијагностика. Апелирал дека од голема важноста се превентивните прегледи посебно за младите девојки.

– Посетата на гинеколог, како и рутински преглед на гради еднаш во годината, е најдобрата здравствена превенција бидејќи само така се овозможува рано откривање на промените на репродуктивните органи кај жените, рана дијагностика, но и висок процент на успешно лекување, истакнал Филипче.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Македонија

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Read more

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе