Филипче: По подолго време имаме двојно повеќе оздравени пациенти од новодијагностицирани

Министерот за здравство Венко Филипче се огласи и на социјалните мрежи по денешната прес-конференција во врска со состојбата со коронавирусот во земјава.

„По подолго време имаме двојно повеќе оздравени пациенти од новодијагностицирани. Да ги почитуваме мерките. Јасно е дека вирусот нема да замине брзо, ама само со одговорно однесување можеме да ја подобриме состојбата. Ви благодарам на сите за поддршката досега“, напиша Филипче на Facebook.

Тој претходно на прес-конференцијата потенцира дека денеска се хоспитализирани 421 пациент – позитивни и суспектни -  примени во изминатите 24 часа, а во однос на состојбата со болничките капацитети, истакна дека на Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени пет пациенти, вкупно се хоспитализирани 90 пациенти, на кислородна поддршка се 53 пациенти, а во Клиниката има 20-тина кревети кои се на располагање.

Овој тренд на многу помал број примени пациенти, нагласи Филипче, трае повеќе денови споредено со периодот од пред една недела до десет дена.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти и четири деца. Во ГОБ ‘8 Септември’ се примени шест нови пациенти, вкупно се хоспитализирани се 122 пациенти, на респираторна машина се тројца пациенти, 88 се потврдени дека се позитивни на вирусот, а за другите се чека резултат. Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. И во двете болници има слободни кревети за следните денови. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти и нема одделение во кое нема слободни кревети во овој момент, додаде Филипче.

реклама

Македонија

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе