Филипче: Сите вакцини се безбедни и корисни

Сакам да ги уверам граѓаните дека буквално секоја вакцина која што е сега присутна или допрва ќе влегува во нашата земја ќе биде безбедна за користење, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче. 

Тој појасни дека тоа што се создаде малку сомнеж, компликации, несакани ефекти од вакцината на AstraZeneca и поради што неколку национални агенции на некои европски земји го запреа вакцинирањето, вчера, како што рече, дефинитивно го демантираше European Medicines Agency (EMA), во смисла да потврди дека вакцината е целосно безбедна и нема никаква директна причинско-последична врска помеѓу тие несакани ефекти и вакцината.

-И затоа сега сите европски земи коишто привремено ја запреа вакцинацијата ќе ја продолжат вакцината на AstraZeneca. И според нашите сознанија, деталните анализи на публикациите коишто излегуваат од овие несакани ефекти, анализата на упатствата од буквално сите вакцини коишто ги имаме и коишто ќе дојдат во нашата земја се, дека сите вакцини се безбедни и корисни и дека служат за вистинската цел за која што треба, а тоа е да спречат несакан смртен слуај од болеста или тешка форма на болеста, нагласи Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање дали масовната имунизација во земјава ќе почне со вакцината на AstraZeneca, Филипче рече дека сега навистина не може да каже.

-Имаме некои најави за тоа кога треба да стигнат вакцините на AstraZeneca. Тоа што сигурно го знаеме дека дефинитивно прва вакцина која што ќе стигне преку ковакс-механизмот е на AstraZeneca, доколку не стигнат кинеските вакцини претходно, тоа ќе биде AstraZeneca, изјави Филипче.

Прашан за вакцината против COVID-19 на Pfizer, министерот Филипче појасни дека од наша страна на 30 декември лани имало остварено комуникација, а тие, како што рече, ни потврдија дека земјата ги исполнува условите да се потпише договорот и од тогаш траат сите разговори коишто бараат одредени измени, некои информации во делот на усогласување, така како што тие бараат со цел да се внесе вакцината во нашата земја. 

-Сега имаат и некои дополнителни барања пред два дена. Ние од наша страна го потпишавме договорот и го вративме, меѓутоа се уште не е вратен назад. Сега има некое дополнително барање коешто стигна пред три дена, а се однесува на обесштетување за евентуално нескани ефекти од вакцината.  И тука има некои специфични барања, интензивно разговаравме и во текот на изминативе два дена и денеска. Утрово ги чекаме повратните информации од Pfizer. И самите се свесни и укажаа дека навистина долго време траат овие разговори со нив и јас верувам дека конечно ќе се финализираат, појасни Филипче.

Прашан дали како министер за здравство заедно со некои други политичари ќе се вакцинира со вакцината на AstraZeneca за да ги увери граѓаните дека е безбедна, Филипче рече „дефинитивно да“.

-Имајќи предвид дека гледаме сега дека навистина скепсата е најголема во однос на таа вакцина, да, дефинитивно, изјави Филипче. 

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе