Филипче: За време на одморите да не се излегува од училниците, со настава да се почнува со временска дистанца од 10 минути

Нашата препорака е само децата од првите три одделенија физички да присуствуваат во училиштата во новата учебна година. За време на одморите да не се излегува од училниците, а со настава да почнуваат со временска дистанца од 10 минути, истакна вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој во гостувањето во Сител ТВ посочи дека изготвените протоколи се базираат на истите принципи на превенција од болеста, а тоа е носењето маска, седењето на дистанца и задолжително почесто миење и дезинфекција на рацете.

-Има многу барања и размислувања и многу дилеми, пратиме и гледаме многу искуства од многу земји во светот, но ние одлучивме и тоа само така може да биде, приоритет ќе биде заштита на здравјето на граѓаните, така како што беше до сега во однос на сите воведени и имплементирани мерки, а сега во однос на заштита на здравјето на најмладите, почетокот на шкослката година како еден сериозен ризик да се влоши епидемилошката ситуација, заради тоа што огромен број деца би биле во една затворена или повеќе затворени простории со шанса и можност да комуницираат многу интензивно, повеќе денови во текот на неделата помеѓу себе, рече Филипче.

Главната препорака, како што рече, е да има физички присутни деца само од првите три одделенија, со цел да се намали бројот на деца кои би присуствувале во училиштата. Притоа, додаде, сигурно ќе се среќаваат за време на влезот, за време на крајот на денот, за време на одморите.

-Препораката е да не се излегува од училниците за време на одморите и овие три одделенија кои ќе почнат, односно прво, второ и трето одделение да почнуваат во различно време со временска дистанца од 10 минути за да не се среќаваат на влезот, ниту пак на крајот на часовите. Сакаме да ги избегнеме оние лоши сценарија кои ги видовме во земјите кои ги отворија целосно училиштата, додаде тој.

Како што додаде, анализа покажала дека децата заболуваат со најлесна форма и најмалку процентуално, под 4 проценти се заболени најмалите деца до 9 години.

- Нашата анализа покажала дека најлесна форма и најмлаку процнетуално, под 4 проценти се заболени најмалите деца до 9 години. Затоа воведуваме вакви ригорозни мерки кои мора да се почитуваат. Треба да се постапи вака затоа што тоа е најсигурниот начин за спречување на ширење на вирусот, рече Филипче.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе