КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Филмски обид за киднапирање фудбaлери на Хаити

Куп вооружени моторџии одеднаш го попречиле патот на автобусот на репрезентацијата на Белиз која се упатувала кон хотелот воочи пресметката со домаќинот Хаити.

Само што со авионот слетале на Хаити, репрезентивците на Белиз заедно со целата делегација со автобус се упатиле кон хотелот кога по пат ги пресретнала банда вооружени моторџии со намера да ги киднапираат за потоа да изнудуваат пари за откуп.

За среќа, локалната полиција успеала да ги растера киднаперите и да спречи фудбалски скандал од невидени размери. Популарните 'Јагуари' сега се на безбедно, ги чува полиција и се подготвуваат за натпреварот.

URL

„Среќен сум што сите се добро и ги пофалувам момците што беа храбри. Тоа беше момент на невиден страв. Да продолжиме да се држиме заедно и ве молам направете ја вистинската одлука кога станува збор за репрезентацијата“, рече Дион МекКоли, капитенот на Белиз, апелирајте до своите со сооиграчи со оглед на тоа што некои побараа да не го играат натпреварот.

Сиромаштијата во Хаити, веројатно најсиромашната карипска држава, доведе до тоа на годишно ниво да има над 150 киднапирања, а полицијата е немоќна да се бори против сѐ поголемиот број на киднапери.

„Ја користиме приликава да им се заблагодариме на 'Јагуарите' за нивната храброст и да ги информираме нивните семејства дека безбедноста на нашиот тим е наш приоритет. Во моментов сме во контакст со ФИФА и КОНКАКАФ и правиме сѐ што е можно за да бидеме на безбедно. Штета што нашите 'Јагуари' се соочија со вакво трауматско искуство“, стои во официјалното соопштение на Фудбалската федерација на Белиз.

„Јагуарите“ пред полетувањето за Хаити

Белиз в четврток игра против домаќинот Хаити на стадионот „Силвио Катор“ во главниот град Порт о Пренс во рамките на 1. рунда од мундијалските квалификации при групата Е во која се уште и Никарагва и островите Туркс и Кајкос.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе