ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАНАДА/САД/МЕКСИКО 2026

Финалето на Мундијалот 2026 ќе се игра на НФЛ стадион во Источен Радерфорт, отворањето на Ацтека

Отворањето на Светското првенство во 2026 година ќе се одржи на 11 јуни на стадионот „Ацтека“ во мексиканската престолнина Мексико Сити, а ФИФА одлучи финалето да се игра на 19 јули во предградие на Њујорк, на стадионот „МетЛајф“.

Додека синоќа фудбалските вљубеници гледаа Интер - Јувентус, а некои Реал Мадрид - Атлетико, ФИФА одржуваше настан во живо на кој беше презентиран распоредот на натпревари за Мундијалот 2026, а кој за жал поради лошо одбраниот термин падна во сенка на дерби пресметките.

ФИФА потврди дека ова Светско првенство ќе биде затворено со спектакуларен финален натпревар на стадион кој може да прими повеќе од 82.000 луѓе, кога се во прашање фудбалските натпревари. Овој стадион е втор по големина од сите на кои ќе се игра Мундијалот.

Најголем број навивачи на „МетЛајф“ се забележани на пријателскиот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал, кој се одигра на 22 јули лани.

Станува збор за стадион кој се наоѓа во Источен Радерфорт, предградие на Њујорк во сојузната држава Њу Џерси, на околу 8 километри од центарот на Големото јаболко. Изграден е во 2010 година и е нов дом на НФЛ франшизите Њујорк Џајантс и Њујорк Џетс. Минатата година нивната пресметка ја следеа 83.367 гледачи на трибините.

URL

На 11 јуни лани таму концерт одржа Ед Ширан на кој присуствуваа 89.106 фанови.

Очигледно е дека нѐ очекува преполн стадион во Њујорк, чија изградба чинеше вкупно над 1,6 милијарди долари и беше завршена во 2010 година, кога беше отворено ова здание.

URL

ФИФА откри и дека натпреварот за третото место ќе се игра ден порано на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, дом на Мајами Долфинс, исто така од НФЛ.

Двата полуфинални натпревари ќе се играат на 14 и 15 јуни на „AT&T“ стадионот во Арлингтон, Тексас и на „Мерседес-Бенц“ во Атланта, Џорџија.

Почнувајќи од четвртфиналето па сѐ до финалето сите натпревари ќе се играат во САД.

Натпреварите на трите земји домаќини ќе бидат на самиот почеток. Мексико ќе ја има честа да го отвори Мундијалот на 11 јуни на својот „Ацтека“, стадион кој по трет пат ќе биде мундијалски домаќин по турнирите во 1970 и 1986. Овој стадион, воедно, со капацитет од 87.523 гледачи е најголем на овој Мундијал. Истиот ден ќе има уште еден дуел на „Акрон“ стадионот за Запопан.

URL

Наредниот ден ќе има два натпревара на кои ќе играат кодомаќините Канада на „БМО Филд“ во Торонто и САД на „СоФи“ во Инглвуд. Со капацитет од само 30 илјади, „БМО Филд“ е најмалиот стадион на Мундијалот. Дом е на МЛС франшизата Торонто.

URL

Сите стадиони ќе добијат нови привремени имиња со оглед на тоа што прваилата на ФИФА забрануваат употреба на имиња на спонзори како имиња на стадионите. Тоа ќе важи само за време на Мундијалот.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе