Финскa денеска расправа за евентуален влез во НАТО

Финските пратеници денеска ќе расправаат за тоа како да се справат со петицијата со која се бара гласање за членство во НАТО, бидејќи таа покажа историска промена на ставот во традиционално неврзаната земја, по руската инвазија на Украина.

Премиерката Сана Марин во понеделникот вечерта изјави дека планираната дебата во парламентот следниот ден ќе ја опфати ситуацијата во Украина и дека нема намера да биде „поширока дискусија за политиката на Финска за воено (не)врзување“.

Но, таа додаде дека, бидејќи петицијата на граѓаните со барање за расправа во парламентот за референдумот ги достигнала потребните 50.000 потписници за да започне расправа во парламентот, „логично е да се слушнат ставовите на партиите за решавање на ова прашање“.

„Од оваа перспектива, тоа прашање ќе се најде на утрешната парламентарна расправа“, рече Марин.

Петицијата, која повикува на референдум за членство, беше покрената минатиот понеделник и ја достигна целта од 50.000 до крајот на неделата.

Дискусијата доаѓа и по анкетата објавена во понеделникот на јавната телевизија Yle, која покажува дека повеќето Финци сега се за влез во НАТО, според анкетата чии резултати беа објавени вчера. Историска промена на ставот е голема промена во однос на јавното мислење пред само неколку месеци.

Според истражувањето нарачано од јавната телевизија Yle, 53 отсто од Финците го поддржуваат влезот на земјата во воен сојуз, 28 отсто се против, а 19 отсто не се сигурни.

„Целосно историски и извонреден резултат“, рече Чарли Салониус-Пастернак, виш научен соработник во Финскиот институт за меѓународни односи.

„Единственото значајно нешто што се промени е тоа што Русија нападна соседна земја која не е членка на НАТО“, додаде Салониус-Пастернак.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе