Од 149 земји

Финска е најсреќната земја во светот, Македонија на 94. место

И покрај пандемијата на коронавирус, четврта година по ред Финска остана на врвот на листата на најсреќни земји во светот. Од 149 земји, Македонија е на 94 место.

Новиот извештај на ОН годинава малку се разликува во начинот на собирање информации, поради коронавирусот.

За авторите на истражувањето не е никакво изненадување што Финска е највисоко пласирана на основа на мерката на меѓународна доверба, што помогна многу во време на пандемијата. Финска ја води премиерката Сана Марин и таа е една од 23 држави опфатени во истражувањето, чиј лидер е жена.

Индексот на среќа се темели на различни фактори како БДП по жител, очекуван животен век на граѓаните, степенот на слобода, перцепцијата на корупција во владата и институциите и слично. По Финска следат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург, Нов Зеланд и Австрија, меѓу првите десет.

Од регионот и поранешните југословенски држави, Словенија е на 29. место, Косово на 33, Србија на 48, Хрватска е на 60. место, Босна и Херцеговина на 64, Грција на 68, Црна Гора на 72, Бугарија на 88, Албанија на 93, Македонија на 94 место.

Канада е на 14 место, САД се на 20 место, Русија на 77, Кина на 85, а Индија на 140. место.

Дното на листата од 149 држави опфатени од статистиката го заземаат Руанда, Зимбабве и Авганистан.

Извештајот за ОН е објавен ден пред Светскиот ден на среќата кој се слави на 20 март.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more
 

Магазин

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Читај повеќе
  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе