Финска затвори 4 гранични премини кон Русија: Изби конфликт меѓу полицијата и барателите на азил

Макфакс
/ 18.11.2023 / 11:00

Финска затвори четири гранични премини со Русија во обид да го запре повеќедневниот прилив на баратели на азил за кој Хелсинки вели дека бил поттикнат од Москва. Финските граничари најавија во петокот дека од полноќ по локално време ќе подигнат бариери на граничните премини Ваалимаа, Нуијамаа, Иматра и Ниирала во Југоисточна Финска, низ кои минува најголемиот дел од патувањата меѓу двете земји.

„Имавме поголеми бројки како во понеделникот 39 и во средата 75. Вчера беше прилично мирно, но денеска повторно повеќе од 100 илегални имигранти дојдоа во југоисточниот округ на Финска“, изјави капетанот Јуси Ваиникка од финската гранична стража за Reuters во Нуијамаа.

Снимките од социјалните мрежи покажуваат како финската гранична полиција морала да употреби солзавец против поголема група мигранти кои се обиделе да преминат во Финска од Русија.

Финската влада ја обвини Русија дека ги насочува мигрантите кон премините како одмазда за нејзината одлука да ја зголеми одбранбената соработка со САД, што Кремљ го негираше. Финска дели 1.340 километри граница со Русија, која е и надворешна граница на ЕУ.

Околу 300 баратели на азил, главно од Ирак, Јемен, Сомалија и Сирија, пристигнале во Финска оваа недела, според граничната стража. Кремљ соопшти дека Финска прави „голема грешка“ со затворањето на граничните премини и дека потегот на Хелсинки ги уништува билатералните односи.

URL

Граничната агенција на Европската Унија, Фронтекс, во петокот изјави за Reuters дека ќе испрати полицајци во Финска за да помогнат во заштитата на границата. Финската министерка за финансии, Риика Пура, од антиимиграциската Финска партија, во телевизиско интервју во четвртокот рече дека нејзината земја е подготвена да ги затвори сите премини на руската граница доколку е потребно.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more
 

Вести

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе