УЕФА ЕВРОПА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2022/2023

Фиорентина и Вест Хем вечерва по повеќе од половина век ќе се борат за европски трофеј

Вечерва во Прага ќе го добиеме новиот шампион на Европа конференциската лига на УЕФА, во втората сезона по основањето на ова натпреварување.

Победникот од минатата сезона, Рома, вечерва ќе го наследи англиски Вест Хем или италијанска Фиорентина.

Вечерашната средба е важна за двата клуба бидејќи на европската титула чекаат повеќе од половина век. Фиорентина го освои Купот на победниците на куповите во 1961 година, а Вест Хем истото натпреварување четири години подоцна (1965).

Исто така, натпреварот е важен бидејќи победникот од вечерашниот дуел ќе обезбеди пласман во Лига Европа следната сезона, а тоа го немаат направено ниту Вест Хем ниту Фиорентина преку домашните натпреварувања.

Вест Хем ја заврши сезоната на 14. место во Премиерлигата, додека Фиорентина заврши на 8. место во Серија А.

Веројатни состави:

Фиорентина: Терачано; Додо, Игор, Миленковиуќ, Бираги, Мандрагора, Амбарат, Гонсалес, Бонавентура, Иконé, Кабрал.

URL

Вест Хем: Ареола; Керер, Зума, Агерд, Кресвел, Соучек, Рајс, Пакетá, Боуен, Антонио, Бенрахма.

URL

Двата тима не самно што имаат двајца чешки играчи во Томаш Соучек и Владимир Цоуфал, туку тие буквално ќе играат како дома бидејќи „Еден Арена“ беше нивен дом додека настапуваа за прашка Славија.

Винченцо Италиано:

„Кога стигнавме на стадионот, моите први мисли беа почетокот на овој пат; плеј-офот во Холандија и 14-те тешки натпревари кои ни дадоа шанса да дојдеме овде да играме за трофеј. Тоа беше неверојатно патување во кое растевме натпревар по натпревар. Вест Хем беше еден од најсилните тимови на турнирот и тоа го докажаа со пласманот во финалето. Имаат играчи со врвен квалитет, многу силни. Но, и ние стигнавме до финалето така што исто така сме силни и сме тука да ги изиграме сите наши карти. Подготвени сме“.

Дејвид Мојс:

„Да се биде во европско финале за секој менаџер е возбуда. Се надевам дека е почеток [за Вест Хем] – секогаш сум велел дека мислам дека доаѓаат најдобрите години – но, секако уживам во моментот. Многу сум импресиониран од Фиорентина; нивната форма по Светското првенство е многу добра. Тие веќе стигнаа до едно финале [во Купа Италија], па тоа ми кажува дека имаат нешто. Тежок противник; италијанскиот противник секогаш е тежок, па го почитуваме тоа“.

Правдата ќе ја делат судии од Шпанија и тоа Карлос дел Серо Гранде како главен, ќе му помагаат Пау Себриан Девис и Гуадалупе Порас Ајусо, четврти судија е Хесус Хил Мансано, а ВАР судија е Хуан Мартинес Мунуера.

Натпреварот се игра вечерва од 21 часот на „Еден Арена“ стадионот во Прага, Чешка.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Read more

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе