Фјури: Имате 7 дена да соберете 500 милиони фунти и влегувам во ринг со Усик

Тајсон Фјури им даде рок од 7 дена на заинтересираните промотори за собирање пари за неговата борба против Олександр Усик, со цел обединување на најважните титули во боксот.

Во саботата, Усик го победи Ентони Џошуа и ги задржа сите појаси во WBA, IBF и WBO организациите, кои заедно со WBC ги прават „петте величенствени“.

Уште од 2000 година ниту еден боксер ги има сите пет појаси заедно, а обожавателите на боксот посакуваат тоа да се случи токму сега, односно во ринг да влезат Фјури и Усик.

Фјури по победата во април против Дилиан Вајт, со која ја задржа титулата за WBC, порача дека заминува во пензија.  Но, изгледа дека е подготвен да ја промени одлуката.

Заинтересираните за организација на борба меѓу 34-годишниот Британец и 35-годишниот Украинец мора да побрзаат со понуда, бидејќи Фјури даде рок од 7 дена да се соберат парите потребни за настанот. Станува збор за 500 милиони фунти.

Поголем дел од тие пари Фјури и Усик ќе ги поделат меѓу себе, додека останатите би биле потрошени за спектакуларна организација на настанот.

„Им порачувам на сите кои сакаат да организираат борба дека им давам цели 7 дена, до 1 септември, да соберат пари. Ако не го направат тоа, сепак им се заблагодарувам, беше чудесно. Јас сум во пензија. Сите понуди мора да бидат испратени до мојот адвокат во писмена форма и со докази, па нека почнат игрите“, соопшти Фјури.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе