Фјури спектакуларно ја одбрани титулата и го прозва Усик

Британскиот боксер Тајсон Фјури синоќа на стадионот на Тотенхем ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија според верзијата WBC, победувајќи го сонародникот Дерек Чисора (38).

Непоразениот шампион стигна до својата 33-та победа во кариерата во која има и еден нерешен резултат. Од друга страна, Чисора го забележа 13. пораз, а во кариерата има 33 победи.

На спектаклот во Лондон присуствуваа над 60.000 гледачи. Чисора одлично влезе во мечот, но Фјури брзо ја презеде контролата и во втората рунда силно го стресе со аперкат, а потоа му зададе уште неколку силни удари.

Во третата рунда Фјури целосно доминираше и чудо беше како Чисора остана на нозе, додека четвртиот круг беше прилично изедначен откако Чисора ја преброди кризата.

URL

Фјури беше подобриот противник во петтата и шестата рунда, а јасно беше дека Чисора не може да го надбоксува шампионот, иако се држеше.

„Кралот на циганите“ целосно го уништи својот ривал со жестоки удари од далечина до крајот, а мечот беше прекинат во 10-тата рунда кога Чисора целосно колабираше и повеќе не беше активен во рингот.

URL

Ова беше трета борба меѓу британските боксери, а Фјури победи во сите три.

Првиот меч се одржа во јули 2011 година, кој со едногласна одлука му припадна на Фјури, а на реваншот во ноември 2014 година непоразениот шампион славеше со прекин во 10. коло.

Фјури (34) по победата го прозва Олександр Усик.

„Каде е тоа зајаче Олександр Усик? Ти си следниот!“, рече Фјури.

URL

Мечот меѓу Фјури и Усик би можел да биде договорен за февруари или март, а во игра ќе бидат сите најважни појаси во светот на боксот – WBC на Фјури и WBA, WBO и IBF на Усик.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе