КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС 2023

Флуминенсе ја победи Бока и за прв пат ја освои Копа Либертадорес

Фудбалерите на Флуминенсе станаа шампиони на Јужна Америка откако во финалето на Копа Либертадорес ја совладаа Бока Жуниорс со 2:1 по продолженијата.

Средбата на иконската „Маракана“ ги оправда очекувањата, а видовме спектакуларен дуел.

Флуминенсе поведе во 36. минута кога Кено му асистираше на Херман Кано за 1:0, а тој резултат стоеше на семафорот до 72. минута кога перуанскиот десен бек Луис Адвинкула израмни на 1:1 на асистенција на Кристиан Медина.

Натпреварот отиде во продолженија, а во 99. минута Кено забележа уште една асистенција, овојпат за Џон Кенеди, кој погоди за водство на Флуминенсе од 2:1.

Но, тука не беше крајот на возбудувањата бидејќи само две минути подоцна Кенеди беше исклучен, а Бока Жуниорс имаше предност од играч повеќе.

Бока бројчаната предност на теренот ја загуби во 7. минута од судиското надополнување на првиот дел од продолжението кога беше исклучен Колумбиецот Франк Фабра, а до крајот на натпреварот немаше голови, па така Флуминенсе ја освои првата титула во Копа Либертадорес, додека Бока остана на шест.

Remote video URL

На овој начин легендарниот лев бек Марсело го заокружи подвигот кој во кариерата го постигнуваат само ретки играчи - стана клупски шампион на Европа и Јужна Америка. Ова беше негов 28. трофеј во клупската кариера, а вкупно 29 благодарение на освоениот Куп на конфедерации со Бразил во 2013 година.

URL

На спротивната страна беше Единсон Кавани, кој откако во 2020 го загуби финалето во Лигата на шампионите со ПСЖ, сега не успеа да го освои ниту јужноамериканскиот пандан.

Интересно, Флуминенсе ја продолжи доминацијата на бразилските екипи во Копа Либертадорес, со оглед на тоа што Фламенгу и Палмејрас по двапати беа најдобри во последните четири години.

Со освијувањето на Либертадорес, Флуминенсе се избори за деби настап на Светското клупско првенство во декември во Саудиска Арабија. Како шампион на Јужна Америка ќе почне од полуфиналето каде на 18 декември ќе игра со победникот од дуелот на африканскиот шампион Ал-Ахли (Египет) против квалификантот, домаќинот Ал Итихад (Саудиска Арабија) или океанскиот шампион Оукленд Сити (Нов Зеланд). Во другото полуфинале Манчестер Сити го чека победникот од Леон (Мексико) и Урава Ред Дајмондс (Јапонија).

URL
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе