Франција дава 4.000 евра на секој што ќе го замени автомобилот со електричен велосипед

Француската влада ги зголеми субвенциите за граѓаните кои ги заменуваат автомобилите на конвенционален погон со електрични велосипеди.

Владата нуди и до 4.000 евра за секој граѓанин кој ќе се откаже од транспортно средство што загадува и ќе избере почиста и поеколошка алтернатива.

За оние кои живеат во домаќинства со ниски приходи во урбаните зони со ниски емисии и кои се откажуваат од своите автомобили, достапна е субвенција од 4.000 евра за купување електричен велосипед. Иницијативата може да ја користат и оние кои сакаат да користат традиционални, немоторизирани велосипеди. Нешто помали субвенции се достапни за француските граѓани со повисоки примања.

Субвенциите првично беа воведени минатата година, но неодамна беа зголемени откако владините претставници сфатија дека треба повеќе да се направи за да ги стигнат Холандија, Германија и Данска. Француската влада сака 9% од земјата да премине на велосипеди до 2024 година, додека само 3% од земјата ги користи сега. Тој процент во Холандија е неверојатни 27%.

Политиката на француските функционери се заснова на моделот на програма во Литванија во која граѓаните имаат право на субвенција до 1.000 евра за купување нов електричен велосипед, скутер, мопед, мотоцикл или дури и кредит за јавен превоз во замена за нивното старо возило.

Франција не само што троши пари на индивидуални иницијативи, туку владата вети дека ќе инвестира 250 милиони евра за да го направи градот Париз „целосно пријателски настроен кон велосипедите“. Градоначалничката Ен Идалго беше реизборана на изборите минатата година и вети 130 километри нови велосипедски патеки во следните пет години.

Веста доаѓа неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша Законот за даноци и клима, кој целосно го игнорира потенцијалот на електричните велосипеди за борба против климатските промени. Законот вклучува милиони долари даночни олеснувања за електричните автомобили, но нема стимулации за електричните велосипеди.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе