Убедливо најмногу кружни текови по број на жители има во Франција, додека во САД повеќе милуваат чекање на семафор.
Кружните текови го прават чекањето на семафори демоде, па сепак за некои возачи, кои не се запознаени со нив, им претставува додатен стрес фактор при возењето. Во зависност од дизајнот, кружните текови можат да бидат проблем и за велосипедистите, но и за пешаците.
Сепак, докажано е дека за возачите кружните текови се побрз и побезбеден начин на поминување преку раскрсница. Придобивка плус е и тоа што со возењето во круг се штеди на простор и многу се поевтини за одржување.
Некои европски земји направија кружните текови наголемо да ги заменат раскрсниците, особено Франција и Шпанија. Франција има 967 кружни текови на 1 милион жители, според истражувањето на Erdavis, што е најмногу на планетава. Следна е Шпанија со 591 на милион жители, а останатите прилично заостануваат.
САД има прилично малку кружни текови на 1 милион жители, само 73. Затоа пак, САД го имаат градот кој има најмногу кружни текови. Се работи за градот Кармел во сојузната држава Индијана каде на секои 17 раскрсници има по еден кружен тек. Следен е Нант со кружен тек на секои 23 раскрсници, а потоа се дури четири шпански градови меѓу кои и престолнината Мадрид.