Франција ќе испрати нова Статуа на слободата во САД

Франција на 7 јуни ќе испрати нова Статуа на слободата во САД. Новиот споменик ќе пристигне во Њујорк на 4 јули – Денот на независноста на САД и, како што објави весникот Le Journal du Dimanche, ќе ги симболизира историските врски меѓу двете земји.

„Сакавме повторно да се поврземе со оваа француско-американска приказна“, рече амбасадорот на Франција во Вашингтон, Филип Етјен, додавајќи дека споменикот „е двоен симбол на слободата“.

Статуата ќе биде многу помала од нејзината постара „сестра“, достигнувајќи 2,83 метри висина.

Идејата, според наводите, се родила во јули 2019 година, па требало да им се покаже на САД дека „Франција останува верна на духот на пријателството“ меѓу двете земји и нивната заедничка историја. Франција ги поддржуваше американските колонии во нивната борба за независност против Англија во 18 век.

Сепак, проектот беше одложен поради пандемијата на COVID-19 и повторно стана актуелен зимава. Споменикот ќе биде поставен во градината на резиденцијата на францускиот амбасадор во Вашингтон, каде што ќе остане 10 години.

Статуата на слободата, што денеска може да се види покрај брегот на Њујорк, е подарок од Франција по повод првиот век од независноста на САД. Новиот гест на Париз доаѓа во време кога се забележуваат првите влијанија од власта на Џо Бајден врз односите меѓу САД и ЕУ. Тие, според некои познавачи, значително се подобриле, иако некои се жалат на постојаната „ексклузивност“ на САД.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе