Французин дизајнираше луксузен „стаклен“ воз од 350 милиони долари

Францускиот дизајнер Тјери Гоген е потпишан на дизајнот на спектакуларен луксузен „стаклен“ воз кој може да стане реалност.

Гоген е познат по својата работа на суперјахти, вклучувајќи ја и јахтата „Venus“ долга 80 метри, која му припаѓаше на легендарниот визионер Стив Џобс. Овој пат, неговиот фокус беше насочен кон концептот на луксузен воз со проѕирни ѕидови, а својот проект го именуваше како G Train.

Опишан како „палата на тркала“, возот ќе биде долг 400 метри и ќе се состои од 14 вагони. Секој од нив ќе биде како посебна просторија во голема палата и ќе содржи сè, од просторијата за прием во центарот, просторот за одмор, забава, дружење па до салон. Крилните страни на возот може да се трансформираат во тераси, а „тајната“ градина ќе биде наменета за релаксирање на гостите.

Надворешноста на возот ќе биде направена од стакло, односно технологија што ќе ја контролира проѕирноста. Стаклената површина во ентериерот ќе може да служи и како екран, односно да го проектира посакуваниот пејзаж или амбиент.

Големата брзина не е во фокусот, туку забавно и пријатно патување.

Гоген вели дека возот е наменет за индивидуален клиент, а не за компанија. Целиот проект чини 350 милиони долари, а производството ќе трае две и пол години. Возот ќе има доволно простор за да спијат околу 18 гости во него, но во случај на приеми и забави ќе може да се сместат многу повеќе луѓе.

Ќе биде направен за железници во Европа и САД и ќе може да се движи со брзина до 160 км/ч.

Различни експерти ќе бидат вклучени во производствениот процес, вклучително и швајцарскиот производител на возови Stadler, производителот на стакло Saint-Gobain и британската инженерска фирма Ecklersley O'Callaghan.

Возовите придонесуваат за помали емисии во споредба со другите начини на транспорт, а Гоген се надева дека неговиот воз ќе означи почеток на нов тренд на релативно одржлив луксуз.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе