Фудбалерите на Барса стигнаа во САД без тренерот Чави

Вчера делегацијата на Барселона замина за САД на летна турнеја, но во авионот го немаше тренерот Чави Ернандес.

Имено, властите на Соединетите Американски Држави му забранија на Чави влез во земјата.

Чави е вакциниран, но не може да влезе во САД поради политички причини. Легендарниот Шпанец во неколку наврати беше во Иран како селектор на катарски Ал Сад и поради тоа не му беше дозволен влез во САД.

Последната посета на Чави на Иран се случи во мај 2019 година кога тој отпатува со Ал Сад во Техеран против Персеполис, а американските власти не дозволуваат влез во земјата на луѓето кои го посетиле Иран во претходните пет години.

Сепак, на Чави, најверојатно, подоцна американските власти ќе му дозволат да влезе во земјата, а дотогаш тимот во САД ќе го водат неговите помошници Серхио Алегре и Оскар Ернандес.

Барселона ќе одигра пријателски натпревари во САД против Интер Мајами (20/7), Реал Мадрид (24/7), Јувентус (27/7) и Њујорк Ред Булс (31/7).

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе