Фудбалерите на Вардар побараа газдата да го остави клубот на некој што знае да го води

Фудбалерите на најпознатиот мкакедонски фудбалски клуб, кој е заглавен во втората лига, излегоа со соопштение во кое го повикаа сопственикот Слободан Крстевски да го предаде клубот на некој што ќе знае да го води.

Фото: ФК Вардар Скопје

Вардаровите играчи во соопштението открија некои неверојатни работи што се случуваат во најтрофејниот македонски фудбалски клуб, а за кои јавноста не е свесна. Така, тие велат дека навивачката група Комити ги плаќа трошоците за домашните натпревари, играчите ги плаќаат трошоците за гостувањата, преку пријатели се снаоѓаат за јадење во деновите кога имаат натпревар, а капитенот Дарко Мицевски морал сам да си ја плати операцијата на скочниот зглоб наместо клубот да му излезе во преесрет, пренесува најпознатиот македонски фудбалски сајт 24Фудбал. Сетоа ова делува како да се работи за клуб на рекреативци од општинска лига, а не за големиот Вардар.

„Соочувајќи се со веројатно најтешките моменти во историјата на клубот, ние играчите на ФК Вардар сакаме да ја известиме и да и ги доближиме на јавноста сите моменти кои ги преживуваме периодов, истовремено константно замајувани и залажувани со разни ветувања од кои ниту едно не е исполнето и покрај нашето професионално залагање на теренот каде со вонсериски напори достојно го презентираме името на најголемиот спортски бренд во Македонија.

Сакаме да известиме дека ние играчите, стручниот штаб, спортскиот директор Александар Бајевски, персоналот на клубот и навивачката група Комити сме буквално оставени самите на себе да ја биеме битката за враќање на Вардар во Првата лига. Од основни работи како закуп на стадион за натпревари кој ги покрива навивачката група, ручек пред натпревари кои ги обезбедуваме благодарение на пријатели сопстевеници на ресторани, самостојно собирање сопствени средства за закуп на автобуси за гостувања, перење на опремата, преку пријатели обезбедување опрема за тренинг и води за нормално функционирање и одржување на истиот.

Со лични заложби на еден играч е обезбеден и теренот за тренинг во населбата Кадино. Хируршката интервенција капитенот Дарко Мицевски ја плати од сопствени средства, додека голем дел од играчите немаат земено плата дури и по 10-12 месеци со што се донесени речиси на работ на егзистенцијата.

Повредениот капитен и на штаки доаѓа да ги бодри соиграчите; Фото: ФК Вардар Скопје

Ние играчите на ФК Вардар бараме сопственикот на клубот Слободан Крстевски доколку не е способен да го води клубот и навреме да ги исполнува договорените обврски, да го напушти и да го препушти раководењето на друг. Тажно е што мораме на овој начин да реагираме и да ја известиме јавноста со што се соочуваме додека истовремено ја водиме можеби и најважната битка во историјата на клубот. Со надеж и верба дека ќе проработи разумот и веднаш ќе се најде решение со кое несметано би продолжиле достојно и успешно да го презентираме Вардар, бренд кој тежи 12 шампионски титули и единствен учесник од државата во групната фаза на европските натпреварувања“.

Вардар втора година по ред се натпреварува во втората по ранг лига откако во сезоната 2020/2021 испадна од елитното друштво. Минатата сезона не успеа да се врати, а сезонава бие битка за пласман на првите две места кои водат во 1.МФЛ, но во вакви околности само прашање на време е кога Вардар ќе почне да губи чекор со финансиски далеку побогатите Гостивар и Воска Спорт.

Тагови
реклама

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе