Фудбалерите напредуваа 5 места на ранг-листата на ФИФА

Филип Здравески
/ 31.03.2022 / 11:50

Победата над високопласираната Италија и поразот од Португалија ја одведоа македонската фудбалска репрезентација на 62. место на најновата ранг-листа на ФИФА која штотуку беше објавена.

Македонија одигра два бараж натпревари за пласман на Мундијалот во Катар. Прво ја совлада Италија на гости со 1:0, резултат кој ни донесе доста поени со оглед на одличниот рејтинг на „Аѕурите“ кои во натпреварот влегоа како шестопласирани. Потоа загубивме од Португалија на гости со 2:0, резултат кој не ни донесе поени.

Победата над Италија, патем актуелен европски шампион, направи Македонија да има 13,84 поени повеќе од последното рангирање и да скокне 5 позиции, закотвувајќи се на 62. место (досега бевме на 67. место). Ги рипнавме Албанија, Словенија, Јамајка, Конго ДР и Исланд.

Што се однесува до врвот на листата, Белгија конечно падна и сега Бразил е лидер. Иако Италија загуби од Македонија и со тоа изгуби 17,46 поени, сепак остана на 6. место. Во првите 10 Мексико успеа да ја надмине Холандија и да дојде до 9-тото место.

Германија останува надвор од топ 10.

Што се однесува до рангирањето на земјите од машиот балкански регион, Македонија е пред Словенија, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Косово, додека многу малку пред нас е Босна и Херцеговина (3 места и 7,54 бодови).

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе