Фудбалерите назадуваа две места на ФИФА ранг листата

Филип Здравески
/ 16.09.2021 / 16:29

Македонската фудбалска репрезентација забележа нов пад на светската ранг листа и сега се наоѓа на 74. место.

Фото: ФФМ

Трите нерешени натпревари во септемврискиот ФИФА прозорец за квалификациите за Мундијалот 2022 во Катар на Македонија ѝ донесоа само 2,55 поени повеќе од рангирањето минатиот месец. Нашата репрезентација сега има 1345,47 поени и поради скокот на други репрезентации оствари пад од две места.

За потсетување, Македонија одигра нерешено без голови дома со Ерменија и Романија, како и 2:2 на гости кај Исланд иако до 78. минута водеше со 2:0.

Во април и мај годинава фудбалерите беа на 62. место, но лошите резултати на ЕУРИ 2020 и трите нерешени сега си го направија своето.

Шанса за скок Македонија ќе има во прозорецот во Октомври кога прво гостуваме кај Лихтенштајн на осми, а потоа на празникот 11-ти Октомври ја пречекуваме Германија.

Рангирањето на сите репрезентации од нашата квалификациска Ј група изгледа вака:

  1. (14.) Германија 1627,8
  2. (42.) Романија 1451,8
  3. (60.) Исланд 1397,32
  4. (74.) Македонија 1345,47
  5. (89.) Ерменија 1262,4
  6. (188.) Лихтенштајн 910,94

Што се однесува до врвот на листата, има три промени во првите десет. Белгија остана прва со Бразил зад неа, додека Англија се проби на 3. место истиснувајќи ја Франција. Португалија ја симна Шпанија од 7. место, а Данска влета меѓу првите 10 вадејќи ги надвор САД, кои изненадувачки беа токму 10-ти во август.

URL
реклама

Каде во Скопје денеска ќе нема струја и вода?

Read more

Леао „откачи“ кога излезе од игра против Лацио

Read more

Од сонце, на дожд и снег: Заладување од вторник

Read more

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Фудбал

Леао „откачи“ кога излезе од игра против Лацио

Read more

Еден Азар под истрага

Read more

Дали на Трамп ќе му биде забрането да дојде на Мундијалот?

Read more

Тудор: Смешно ми е што луѓето мислат дека нов менаџер би ги решил сите проблеми преку ноќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Леао „откачи“ кога излезе од игра против Лацио

Читај повеќе

Еден Азар под истрага

Читај повеќе

Дали на Трамп ќе му биде забрането да дојде на Мундијалот?

Читај повеќе

Формула 1 го доби најмладиот возач на пол-позицијата

Читај повеќе

Тудор: Смешно ми е што луѓето мислат дека нов менаџер би ги решил сите проблеми преку ноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако Иран се повлече од Светско: ФИФА ќе го покани Ирак или Италија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер сруши рекорд на Вилт Чемберлејн стар 63 години

Читај повеќе

Трамп им порача на Иранците да се повлечат од Мундијалот, веднаш му одговорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот натпревар на Лука Дончиќ во дресот на Лејкерс

Читај повеќе