Фудбалерките ќе играат на меѓународен турнир во Турција

Филип Здравески
/ 16.02.2023 / 09:29

Македонската женска фудбалска репрезентација месецов ќе учествува на меѓународен пријателски турнир што ќе се одржи во Аланија, Турција.

Фото: ФФМ

На турнирот Туркиш Куп 2023 требаше да учествуваат 12 репрезентации, но домаќинот заедно со Венецуела и Јордан го откажаа своето учество поради настаните со земјотресот во Турција.

Македонската репрезентација беше извлечена во групата Б заедно со Бугарија, Косово, Естонија, Хонгконг и Јордан.

Фудбалерките веќе некој ден како се во Аланија, а синоќа одиграа и пријателски натпревар воочи турнирот и загубија со минимални 1:0 од Замбија со гол примен во третата минута од судиското надополнување.

Првиот предизвик е в сабота против Бугарија, а во вторник следува доел со Естонија.

Синоќа во нашата група Бугарија со 2:0 го совлада Хонгконг, додека Косово со 2:1 беше подобар од Естонија.

Селекторот Кирил Изов се одлучи да ги повика следниве фудбалерки:

Голмани: Викторија Панчурова, Лина Самарџиевска, Теа Драганова;

Одбрана: Даниела Велеска, Елена Панеска, Павлинка Николовска, Христина Јошевска, Елена Петровска, Ана Милчевска, Александра Јовановска;

Средина: Теа Божиновска, Наташа Андонова, Елма Шемсовиќ, Ленче Андреевска, Мила Талевска, Александра Марковска, Хава Мустафа;

Напад: Гентијана Рочи, Бојана Петкова, Јилза Максути, Радица Чонева, Кристина Петрушевска, Јулија Живиќ.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе