Фудбалерите на Галатасарај, Брага и Јанг Бојс се пласираа во групната фаза од најелитното фудбалско натпреварување во Европа - Лигата на шампионите.

Галата, Брага и Јанг Бојс на вчерашните реванш натпревари постигнаа успех вреден најмалку 15 милиони евра, колку што изнесува наградата на УЕФА за играње во групната фаза. Галатасарај и Јанг Бојс го направија тоа дома, а Брага на гости.
Во Истанбул, пред 47.845 навивачи и во одличната атмосфера што ја создадоа домашните навивачи на стадионот „Рамс Парк“, Галатасарај го победи норвешкиот шампион Молде со 2:1 и со тоа се пласираше во групната фаза со вкупни 5:3.
Мауро Икарди погоди во 7. минута за водство од 1:0, гостите не се предадоа и израмнија преку Еирик Хестад во 66. минута, но голот на Анхелино во 93. минута го реши прашањето на победникот и патникот во групата фаза.
По победата од 2:1 во првиот натпревар, португалска Брага синоќа како гостин го победи Панатинаикос, овојпат со 1:0 со голот на Брума во 83. минута.
Фудбалерите на швајцарскиот шампион Јанг Бојс во последниот меч од вечерта го декласираа израелскиот Макаби Маифа со 3:0 и откако првиот меч заврши без гол, се пласираа во групната фаза. Седрик Итен во 23. минута и автоголот на Абдулаје Сек во 28. минута донеаоа солидно водство во првиот дел, а Филип Угриниќ 46. минута стави печат на победата.
Брага ќе биде во 3 барабан на жрепката закажана за четврток, Галатасарај во барабанот 4, додека Јанг Бојс ќе чека да се комплетираат сите 32 учлесника бидејќи е меѓу барабаните 3 и 4.
Вечерва ќе се добијат и последните патници во групната фаза откако ќе се одиграат реванш натпреварите АЕК - Антверпен (0:1), Копенхаген - Ракув (1:0) и ПСВ - Ренџерс (2:2). Сите почнуваат во 21 часот.