Германците рушат митови: Поевтино е да возите на струја или на дизел?

Еден од посилните аргументи на поборниците за користење електрични возила е пониските оперативни трошоци во споредба со автомобили што возат на дизел или бензин. Но, дали е навистина така едноставно?

Аргументот дека сервисот е поевтин „држи вода“, а се чинеше дека и заштедата на погонско гориво (струја наспроти нафтени деривати) е беспоговорна.

Меѓутоа, познатиот германски автоклуб ADAC го докажа спротивното. Имено, поседувањето електричен автомобил во Германија и не е така евтино, барем од перспектива на полнење и плаќање на адекватна цена за „горивото“.

Од ADAC велат дека во јуни просечната цена на горивото изнесувала 1,086 евра, па врз основа на просечната потрошувачка на еден Golf TDI со 150 КС (4,8 литри), цената на горивото би изнесувала околу 5,21 евра на 100 километри.

Од друга страна, еквивалентниот модел на струја e-Golf со 136 КС во просек, во идеални услови троши 17,3 kWh на 100 километри, а цената на потрошената енергија, ако возилото се полни на домашен полнач во Германија, е 5,36 евра.

Оттука, идејата дека со секојдневните трошоци електричните автомобили ќе ја оправдаат повиската цена, веќе не„држи вода“.

Ситуацијата се влошува ако автомобилот на струја го полните надвор од дома, на пример на мрежата полначи Ionity на автопат.

Цената на возење од 100 километри за електричниот Golf во тој случај изнесува дури 13,32 евра, што е повеќе од двојно поскапо отколку што ќе потроши „дизелашот“ Golf TDI на 100 километри.

Ако вашиот избор паѓа на електричен автомобил од еколошки причини, продолжете да читате.

Најголемата придобивка од електричните возила е во тоа што тие се далеку помалку штетни за животната средина од оние со стандарден погон... Или само така ни беше кажано.

Германско истражување од 2019 година покажа дека електричните автомобили предизвикуваат повеќе штета на климата отколку дизелашите или бензинците.

Научниците кои работеа на истражувањето велат дека електричните возила лажно ѝ „помагаат на климата“, односно дека се еколошки само на хартија.

Криштоф Бухал, професор по физика на Универзитетот во Келн, заедно со неговите колеги Ханс-Дитер Карл и Ханс-Вернер Син, состави извештај за Институтот за економски истражувања. Во него беше образложено како електричните возила ја загадуваат околината иако се претставени како „еколошка“ опција на пазарот.

Кога ќе се земе предвид емисијата на јаглерод диоксид при производството на батерии и необновливите методи што се користат за производство на електрична енергија во Германија, електричните автомобили ја оптеретуваат климата за 11% до 28% повеќе од дизел автомобилите, се наведува во истражувањето.

Батеријата за Tesla Model 3 произведува од 11 до 15 тони јаглерод диоксид. Со животен век на батеријата од 10 години и капацитет за поминување преку 15.000 километри годишно, тоа би значело дека таа произведува 73 до 98 грама јаглерод диоксид секој километар. Земајќи ја предвид и емисијата на јаглерод диоксид која резултира од електричната мрежа, тогаш може да се заклучи дека Tesla емитира помеѓу 151 и 181 грам јаглерод диоксид по километар, што е значително повеќе од дизел моделите на Mercedes.

Производителите на автомобили имаат намера да ја осовременат нивната понуда со електрични автомобили, но авторите на истражувањето велат дека многу подобри за климата би биле моторите со погон на метан, бидејќи тие имаат емисија на штетни гасови која е за една третина помала од онаа кај дизел возилата.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Авто новости

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more
 

Автомобили

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе