Германија влезе во рецесија

Економијата на Германија благо се намали во првиот квартал и падна во рецесија, покажаа ревидираните проценки на заводот за статистика, откривајќи силен инфлациски притисок врз личната потрошувачка. Сезонски и ценовно приспособениот бруто-домашен производ (БДП) падна во првите три месеци од оваа година за 0,3% во однос на претходниот квартал, кога беше намален за 0,5%, покажуваат новите проценки на Дестатис.

Првата оценка покажа стагнација на активност на почетокот на годината. Во однос на првиот квартал од минатата година, БДП е намален за 0,5% во првите три месеци од годинава. Претходната проценка покажа пад на активноста од 0,1%.

„Откако БДП се лизна на негативна територија веќе на крајот на 2022 година, германската економија забележа два негативни квартали по ред“, рече претседателката на Дестатис, Рут Бранд. Ако економијата се намалува два квартала по ред, економистите зборуваат за техничка рецесија.

Високата инфлација ја лиши економијата од поддршка за лична потрошувачка, покажуваат новите податоци. Личната потрошувачка е намалена за 1,2% во однос на крајот на 2022 година, кога потона за 1,7%. Домаќинствата во првите три месеци од годинава помалку трошеле за храна и пијалаци, облека и обувки и за мебел, посочуваат статистичарите.

Иако растот на цените во последно време е забавен, стапката на инфлација во април од 7,2% сѐ уште е висока. Позитивни импулси беа бруто инвестициите на компаниите и извозот, кои бележат пораст од 3,0% односно 0,4% во однос на претходните три месеци.

Инвестициите во градежниот сектор се зголемени поради поволните временски услови и инвестициите на компаниите во опрема како машини, уреди и возила. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската комисија очекуваат дека германската економија повеќе или помалку да стагнира оваа година, а германската влада предвидува раст на активноста од 0,4%.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе