Германската амбасадорка загрижена како без пасоши ќе се вратат Македонците што работат таму

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Назим Буши, остварија работна средба со германската aмбасадорка, Петра Дрекслер.

На средбата Тошковски ги образложи преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење лични документи, ја образложи потребата од итно носење измени во Законот за патните исправи по примерот на оној со возачките дозволи во делот на запазување на техничките рокови, со цел навремено спроведување на потребните процедури за набавка на патни исправи и, секако, почитување на меѓународното право и основното човеково право на слободата на движење.

На средбата амбасадорката Дрекслер изрази загриженост за големиот број македонски државјани што не поседуваат нови патни исправи, а кои се на привремена работа во Германија. Оваа категорија луѓе, доколку одлучат да се вратат назад со цел вадење нова патна исправа и доколку не успеат навремено да ја извадат поради техничката неможност во моментот, тие не би можеле да се вратат назад во Германија со старата патна исправа. За ова прашање, министерот Тошковски повторно истакна дека во моментот единственото решение е носењето на измените Законот за патните исправи.

На крајот од средбата соговорниците оставија простор и за потврдување на заложбите за интензивирање на меѓусебната соработка, особено во борбата со организираниот криминал, а воедно министерот Тошковски се заблагодари за досегашната соработка и големиот број донации и обуки за Министерството за внатрешни работи, особено за граничната полиција.

реклама

Македонија

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Read more

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more
 

Вести

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе