Германските автопроизводители очекуваат подобрување на продажбата во 2022

Германскиот пазар на автомобили се очекува да закрепне оваа година, проценува Асоцијацијата на автомобилската индустрија (VDA), која очекува регистрирани околу 2,8 милиони нови автомобили.

Тоа би значело околу седум отсто повеќе нови автомобили на патиштата отколку во 2021 година, рече претседателката на здружението Хилдегард Милер.

Лани биле регистрирани 2,62 милиони.

Продажбата на патнички автомобили беше значително намалена поради доцнењето на синџирите за снабдување, особено на полупроводниците.

Милер рече дека проблемите веројатно ќе продолжат оваа година.

Германската автомобилска индустрија сè уште е далеку зад нивото пред пандемијата, според владините податоци кои покажуваат дека во 2019 година биле регистрирани 3,6 милиони нови автомобили.

Во средата, Милер повика и на забрзан развој на европското производство на полупроводници и батерии.

„Ако Германија сака да ја задржи својата позиција како лидер на светскиот пазар во иднина, таа мора веднаш да започне со изградба на полупроводнички постројки“, рече лидерот на VDA.

„Првичните планови за проширување на производството на батерии во Германија и Европа веќе постојат и важно е да се спроведат сега на краток рок за да може автомобилската индустрија во Европа да продолжи да создава нова вредност“, рече таа.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе