Гинеколози ги споделија петте најголеми митови за забременувањето

Поради зголемениот број на луѓе кои подоцна и подоцна одлучуваат да основаат семејство, плодноста е во фокусот на јавноста во последните години.

Зголемувањето на интересот за зачнување предизвика бројни митови, а гинеколозите ги споделија петте најчести.

Може да забремените само два дена во месецот

Оваа вообичаена заблуда се заснова на фактот дека жените се најплодни два дена во месецот, но плодниот период кај жените трае околу шест дена - пет дена пред овулацијата и на денот на овулацијата.

Овулацијата е процес при кој јајникот ослободува јајце-клетка во јајцеводот. Ако спермата ја оплоди јајце-клетката во овој период, доаѓа до зачнување и оплодената јајце-клетка се прицврстува на слузницата на матката, што е познато како имплантација.

Стресот може да ве спречи да забремените

Стресот може да има многу негативни ефекти врз телото, но лекарите велат дека е мит дека спречува бременост. Иако луѓето кои имаат потешкотии со зачнувањето може да бидат под стрес поради тоа, не е познато дали стресот и неплодноста се директно поврзани.

Сепак, високите нивоа на стрес може да предизвикаат прекин на менструацијата, продолжување и ли скратување на менструалниот циклус.

Жените не може да забременат додека дојат

Доењето може да ја запре овулацијата, но не треба да се потпирате на него како метод за контрацепција. Жените може да забременат во рок од само три недели по породувањето, но лекарите сепак препорачуваат да се чека најмалку 18 месеци за да му се даде време на телото да закрепне.

Треба да легнете после секс кога се обидувате да забремените

Можеби мислите дека има смисла дека лежењето по сексот ќе и помогне на спермата да стигне до грлото на матката, но експертите велат дека тој чин не ги зголемува шансите за бременост.

Спроведени се студии за да се тестира дали лежењето по вештаачко оплодување влијае на стапката на зачнување. Некои сугерираат дека може да ги зголеми шансите за бременост, други сугерираат дека нема разлика.

Оргазмот ги зголемува шансите за бременост

Оргазмот ниту ќе ги намали, ниту ќе ви ги зголеми шансите за забременување. Нема научни студии за да го поддржат ова тврдење.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе