Глечерите на Швајцарските Алпи се топат со рекордна брзина

Научниците тврдат дека просечната температура на швајцарските Алпи расте двојно побрзо и предупредуваат дека климатските сценарија се оствариле многу побрзо отколку што се надевале.

Швајцарските глечери годинава се топеле со најбрзо темпо откако пред повеќе од еден век е започнато бележењето на податоци, соопшти GLAMOS, телото за мониторинг.

Топењето било до толку екстремно што на една локација се појавила основната карпа која со милениуми била под мраз, додека на друго место е откриен авион кој исчезнал пред децении, во 1968 година. Многу помали глечери потполно исчезнале. Во однос на минатата година, глечерите годинава изгубиле дополнителни 6% од преостанатиот мраз.

URL

„На основа на климатските сценарија знаевме дека ќе дојде до ова, но во некој момент во иднина. Сознанието летово дека иднината веќе стигнала беше изненадувачко и шокантно искуство“, вели Матиас Хус, водечко лице во GLAMOS.

Повеќе од половината глечери на Алпите се наоѓаат во Швајцарија, а во оваа област просечната температура расте двојно побрзо отколку на глобално ниво. Научниците ширум Алпите, вклучително и Хуис, биле приморани итно да ја поправат својата опрема на десетина локации бидејќи поради топењето на мразот постоела опасност од поместување на мерните шипки и загуба на податоците.

URL

Годинава се изгубени околу 3 кубни километри мраз, што е последица на исклучително малите врнежи на снег минатата зима во комбинација со топлотните бранови кои се повторуваат. Врнежите од снег овозможуваат обновување на мразот што се истопил преку летниот период и помагаат глечерите да се заштитат од дополнително топење така што ја одбиваат сончевата светлина назад во атмосферата.

реклама

Вести

Anker повлекува повеќе од милион powerbank уреди поради ризик од самозапалување

Read more

Samsung „пука сеир“ на Apple

Read more

Зошто изумира пиратеријата?

Read more

За прв пат снимен јужниот пол на Сонцето

Read more
 

Гик

Anker повлекува повеќе од милион powerbank уреди поради ризик од самозапалување

Читај повеќе

Samsung „пука сеир“ на Apple

Читај повеќе

Зошто изумира пиратеријата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

За прв пат снимен јужниот пол на Сонцето

Читај повеќе

Ако имате некоја од овие апликации на вашиот телефон, веднаш избришете ја

Читај повеќе

„Глична“ ChatGPT

Читај повеќе

Microsoft намерно го забавува Windows

Читај повеќе
  • play_arrow

Пренослив Xbox доаѓа годинава

Читај повеќе

YouTube прави сè за да не ги блокирате рекламите

Читај повеќе