АТП ДЕЈВИС КУП 2023

Ѓоковиќ ја презеде одговорноста за елиминацијата на Србија од Дејвис купот

Новак Ѓоковиќ ја презеде одговорноста за елиминацијата на Србија од Италија во полуфиналето на Дејвис купот.

Србија загуби од Италија со 1:2, на неверојатен начин, откако Ѓоковиќ во вториот меч во сингл против Јаник Синер не успеа да искористи три поврзани меч топки.

„Честитики за Италијанците, го заслужија ова. Посебно Јаник, речиси е да не промашуваше. За мене лично ова е големо разочарување. Ја преземам одговорноста за трите меч топки. Кога губиш за својата земја, горчливиот вкус е уште поголем“, рече Новак.

Тој се осврна и на оние три меч топки што ги имаше во сингл против Синер.

„На ова ниво, против таков тенисер, сè се случува брзо. Тој сервираше исклучително добро. Познато е дека има еден од најбрзите форхенди. Не ме изненади. Знам дека Јаник е квалитетен тенисер. Секогаш кога требаше, наоѓаше добар сервис“, додаде светскиот рекет број еден.

Новак беше прашан и за неговата психичка подготвеност да игра вакви натпревари под притисок.

„Не сакам да зборувам за тоа. Ќе звучи како изговор. Сега ми е многу тешко. Се обидов да го дадам својот придонес, но денес тоа не ми беше судено“, изјави Ѓоковиќ.

реклама

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Голем неделен хороскоп од 5 до 11 октомври

Read more

Како да направите традиционална крцкава туршија?

Read more

Тенис

Рибакина прв пат во кариерата го освои УС опен

Read more

УС опен ќе има нов шампион: Зверев и Шелтон изборија финале

Read more

Судир на титанките: Двете најдобри тенисерки во светот изборија финале на УС Опен

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Спорт

  • play_arrow

НХЛ останува без една од најголемите ѕвезди: Легендарниот Овечкин објави крај

Читај повеќе

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе