Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП ранг-листата, Калин скокна 9 места

Филип Здравески
/ 30.01.2023 / 09:23

По синоќешниот триумф на Австралија опен српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП ранг-листата, а на истата најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оствари скок од 9 места и сега е на 534. место.

Триумфот на првиот Грен слен во годината на Ѓоковиќ му донесе 2.000 поени со што сега има собрано 7.070, па изби пред Шпанецот Карлос Алкарас, кој е втор со 6.730. Трет е Гркот Стефанос Циципас.

АТП Топ 5:

  1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 7.070
  2. Карлос Алкарас (Шпанија) 6.730
  3. Стефанос Циципас (Грција) 6.195
  4. Каспер Руд (Норвешка) 5.765
  5. Андреј Рубљов (Русија) 4.200
  6. Рафаел Надал (Шпанија) 3.815
  7. Феликс Оже-Алјасим (Канада) 3.715
  8. Тејлор Фриц (САД) 3.410
  9. Холгер Руне (Данска) 3.046
  10. Хуберт Хуркач (Полска) 2.995

Најдобриот македонски тенисер и голема наша надеж во овој спорт, 18-годишниот Калин Ивановски, направи скок од 9 места и сега со 64 поени е на 534. место. Тој е единствен македонски тенисер рангиран во првите 1.000 на АТП ранг-листата.

Калин синоќа играше финале на фјучрс турнирот во Монастир, Тунис каде по голема борба загуби од домашниот тенисер Моез Ешарги со 3-6, 6-3 и 6-7 губејќи го решавачкиот сет по тајбрејк. На патот до финалето Ивановски ги совлада Лукас Павлович (2:0, Словачка), Адам Мундир (2:1, Мароко), Себастиан Соргер (2:0, Австрија) и Гркот Стефанос Сакелкаридис кој по водство на Калин од 1:0 го предаде мечот поради повреда.

реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе