Ѓоковиќ сепак ќе настапи на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе добие дозвола да се натпреварува на следниот Австралија опен бидејќи му е вратена можноста да добие виза во Австралија, пишува австралискиот весник The Age.

На Ѓоковиќ не му беше дозволено да се натпреварува на последниот Грен слем во Мелбурн бидејќи не бил вакциниран против коронавирусот.

По две судски рочишта, австралиската влада му ја укина визата и го депортираше од земјата. Исто така, со правосилната пресуда му е забрането да добива виза во следните три години. Тогашниот министер за имиграција Алекс Хок објасни дека укинувањето на визата на Ѓоковиќ е „во јавен интерес“.

Новиот министер ја укинува забраната

Новиот министер за имиграција Ендрју Гилс ќе ја поништи одлуката за укинување на тригодишната виза на Ѓоковиќ.

Оптимист беше и директорот на Австралија опен, Крег Тајли.

„Знам дека Новак сака да се врати и да игра со нас. Ја сака Австралија бидејќи тука го постигна својот најголем успех. Но останува на некој друг да го дозволи тоа“, изјави Тајли.

Отвореното првенство на Австралија следната година ќе се одржи од 16 до 29 јануари. Ѓоковиќ го држи рекордот по бројот на освоени титули во Австралија, а досега има девет победи во Мелбурн. Србинот моментално е осми тенисер во светот и втор во историјата по бројот на освоени Грен слем титули (21). Над него е само Рафаел Надал кој има 22 Грен слем титули.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Тенис

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе