Голден Стејт го совлада Бостон и дојде чекор поблиску до титулата

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс дојдоа на чекор до освојување на титулата во НБА лигата откако поведоа во големото финале против Бостон со 3:2 во партии.

Вориорс ја искористија предноста на домашниот терен на „Чејс Сентр“ арената каде пред 18-илјадната публика победија со 104:94 добивајќи го петтиот натпревар, па сега им треба само уште една победа за титулата.

Стеф Кари не беше на своето ниво кога беше во прашање шутот, па ги промаши сите 9 обиди за тројка и постигна само 16 поени, но неговиот напад во нападот го надоместија Ендрју Вигинс со дабл-дабл учинок од 26 поени и 13 скока, како и Клеј Томпсон со 21 поен.

На другата страна единствен на своето ниво беше Џејсон Тејтум кој натпреварот го заврши со 27 поени и 10 скокови, но тоа не беше доволно за победа.

Remote video URL

Бостон ќе биде домаќин на следниот натпревар кој се игра ноќта од четврток кон петок. Ако Голден Стејт слави ќе стане шампион, а ако триумфира Бостон ќе се игра мајсторка во која Вориорс ќе бидат домаќини ноќта од понеделник кон вторник.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Кошарка

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе