Голем пожар во затвор со над илјада затвореници во Тексас

Макфакс
/ 26.08.2023 / 14:01

Голем пожар утринава избувна во затвор во американската сојузна држава Тексас, поради што се евакуирани повеќе од 650 затвореници.

Затворските власти наведуваат дека во огнената стихија нема повредени.

„Затворениците се преместени во други делови од затворот во Хантсвил, на околу 105 километри северно од Хјустон“, изјави Аманда Ернандес, портпаролка на Одделот за извршување кривични санкции во Тексас.

Соопштено е дека пожарот ги зафатил поткровјето и третиот кат од управната зграда и поткровјето на одделението во кое се сместени затворениците.

„Пожарот беше локализиран во текот на утрото, но пожарникарите сè уште гаснат мали жаришта во некои простории. Причината за пожарот ќе биде истражена откако тој ќе биде целосно изгаснат“ – вели шефот на противпожарната служба на Хантсвил.

Затворот Хантсвил е изграден во 1849 година и има капацитет за 1.700 затвореници, додека во моментов казната ја отслужуваат околу 1.600 лица.

Во затворот се извршуваат и смртни казни на осудени затвореници.

Remote video URL
Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Свет

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Read more

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more
 

Вести

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Читај повеќе

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе