СЕРИЈА А 2022/2023

Голем удар за Лацио: Имобиле во аут до крајот на годинава

Иако тимот од Рим наведуваше дека периодот за рехабилитација на голгетерот Чиро Имобиле сѐ уште не е утврден, неколку извори од Чизмата уверуваат дека главната ѕвезда на римјаните нема да заигра пред Нова година.

Испитувањата кои 32-годишниот напаѓач ги направи утринава покажаа повреда на бицепсот која многу веројатно ќе го принуди да одмора до почетокот на 2023 година.

Gazzetta Dello Sport и Reuters пренесуваат дека италијанскиот репрезентативец нема да му биде на располагање за тренерот Маурицио Сари сѐ до почетокот на јануари.

Лацио има незгоден распоред до паузата поради Мундијалот во Катар бидејќи ќе се соочи со забревтаната Аталанта, Јувентус, како и градскиот ривал Рома, а воедно има и два натпревара од Лига Европа против Митјиланд и Фејнорд кои се со императив победа за тимот да продолжи во нокаут-фазата.

Италија не се пласираше на Мундијалот, па Имобиле секако немаше да игра на светскиот собир.

Имобиле е најдобриот стрелец на Лацио сезонава со 6 гола на 10 натпревари.

Има постигнато вкупно 189 голови на 273 натпревари по неговото доаѓање во Лацио од редовите на Севиља во 2016 година.

реклама

Фудбал

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Read more
 

Спорт

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе