Големиот Пике во солзи се прости од Барселона

Во четвртокот 35-годишниот Жерард Пике објави дека ќе стави крај на својата славна фудбалска кариера, а синоќа тоа и официјално го потврди со напуштање на стадионот „Камп Ноу“ во 83. минута од натпреварот помеѓу Барселона и Алмерија.

Жерард Пике се расплака откако беше заменет во последниот натпревар како играч на каталонскиот клуб.

Пике прво го прегрна судијата пред да притрчаат соиграчите. Централниот бек му ја предаде капитенската лента на Френки де Јонг и го прегрна долгогодишниот соиграч Жорди Алба.

Додека го напушташе теренот мафташе кон секоја трибина, а навивачите го скандираа неговото име. Во центарот на теренот беше испишано Sempre (засекогаш).

Простувањето на Пике беше придружено со победа на Барселона против Алмерија од 2:0, со головите на Усман Дембеле и Френки де Јонг.

За одбележување е дека во 7. минута од вечерашниот натпревар беше досуден пенал за Барселона. Откако целиот стадион го скандираше името на Пике, Левандовски му понуди да го изведе ударот, но Каталонецот одби.

URL

Договорот на Пике беше до 2024 година, а шпанските медиуми објавија дека искусниот дефанзивец со овој потег се откажал од огромни 30 милиони евра.

Пике добиваше 28 милиони евра годишно пред намалувањето на платата, а беше меѓу првите играчи на Барса кои се согласија на намалување на платата и на тој начин му овозможија на клубот да регистрира засилувања минатата сезона.

URL

Со оглед на тоа дека се работи за еднострано раскинување, како што се подразбира, Пике ѝ ги простува сите преостанати суми на Барселона, како што се случува кога тренер ќе реши да поднесе оставка и да не биде разрешен од должноста.

Пике како десетгодишник пристигна во Барселона во 1997 година, но во 2004 година се пресели во Манчестер Јунајтед. Четири години подоцна, Жузеп Гуардиола го врати во Барселона, каде изгради фудбалско име и стана еден од најважните играчи за гордоста на Каталонија.

Забележа 615 настапи за Барселона, освојувајќи 8 титули во Ла Лига и 3 во Лигата на шампиони.

На меѓународна сцена го освои Светското првенство во 2010 година и ЕУРО 2012 со Шпанија, чиј дрес го облече 102 пати. Во шпанскиот дрес постигна само 5 гола, меѓу кои и оној во Скопје на онаа легендарна пријателска против Македонија кога Шпанија со комплетен пресврт победи со 3:2.

Пике важи за еден од најдобрите дефанзивци во својата генерација.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе