Google Maps воведе промена која на многумина нема да им се допадне

Google го промени начинот на кој ги гледаме мапите преку целиот екран.

Од стискање слики за да се зумираат до навигација низ интерфејсот, гестовите со прстите се нешто на што повеќе не размислуваме кога го користиме телефонот. Меѓутоа, проблемот настанува кога компаниите одлучуваат да променат нешто, а Google штотуку направи многу непопуларен потег во својата апликација Google Maps.

За да ја оптегнеме мапата преку целиот екран, односно без полето за пребарување и навигација, досега набрзина само допиравме било кој дел од мапата за да ги сокриеме овие елементи, а на истиот начин се враќаа назад.

Сепак, новото ажурирање донесе промена во начинот на кој ја гледаме мапата на цел екран. Сега, за да ги скриеме споменатите елементи, треба со прстот да го повлечеме полето за пребарување нагоре.

Ја разбираме одлуката на компанијата да ја направи оваа промена. Потегот за прегледување на мапата на цел екран беше идентичен со поставувањето „игла“, со тоа што оваа функција се активира доколку малку подолго го држиме прстот на екранот. Сепак, она што не го разбираме, а гледаме дека многу други корисници не го разбираат, е дека потегот за враќање на елементите останува ист како порано, што само ја зголемува конфузијата.

Дополнително, Google донесе некои промени на Google Maps за компјутери, односно го претстави дизајнот Material You, а тоа најдобро се гледа во полето за пребарување, кое повеќе не е заоблен правоаголник, туку издолжена пилула.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Софтвер

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе