GoPro камери за прв пат снимија како ловат делфините на американската морнарица

Уникатните снимки доаѓаат од кадри со возбудливи бркотници, но и некои работи со кои научниците и морските биолози не беа запознаени. Имено, снимено е дека и тие ловат и јадат отровни змии.

Американската морнарица неодамна одлучи да прикачи камери на делфини обучени да помагаат да се идентификуваат подморничките мини и да се заштитат американските нуклеарни резерви. Потоа истите делфини ги пушти во заливот Сан Диего. Познати по својата интелигенција, тие и овој пат не разочараа.

Камерите прикачени на грбот на шест клунести делфини од американската Национална фондација за морски цицачи снимија куп видео и аудио записи во период од шест месеци. Иако овие делфини не се сметаат за диви животни, и претходно им беше дозволено да ловат на отворен океан. И како што во својот труд објасни ветеринарот Сем Риџвеј од фондацијата, претпоставката беше дека тие користат слични техники на лов на нивните слободни роднини.

„Додека делфините ловеа, тие постојано кликнуваа во интервали од 20 до 50 милисекунди“, напиша тој. Со понатамошна анализа на видео и аудио снимките, Риџвеј и неговите колеги забележале дека при приближувањето до пленот, кликовите станувале пократки и се претворале во брмчење, а потоа и лелекање. Во контакт со рибата, зуењето и чкрипењето биле речиси постојани додека рибата не била проголтана.

Remote video URL

Откриено е и дека делфините уловиле повеќе од 200 риби, меѓу кои и ловракии, морски коњчина и други. Сепак, научниците забележале дека покрај различните техники на избегнување и камуфлажа што ги користат некои риби, делфините го следат секое нивно движење додека пливаат наопаку за да имаат што појасна идеја каде е пленот.

„Се чини дека делфините користат и вид и звук за да најдат плен“, објаснува Риџвеј. Тој додава дека секогаш користеле ехолокација на далечина, додека во моментите кога се приближувале до пленот го користеле и сетилото за вид. Камерите открија и дека наместо да го 'набиваат' пленот, тие користат техника на вшмукување за полесно да го проголтаат својот плен кој сѐ уште се бори. Овој метод бил изведен така што рибата ја вовлекувале од страна додека устата ил била ширум отворена, а мускулите на грлото проширени и јазикот вовлечен.

Remote video URL

Делфините претходно биле снимени како си играат со змии, вклучително и видови кои живеат во реките. Сепак, овие снимки за прв пат потврдуваат дека навистина ги јадат овие влекачи и тоа многу често, бидејќи еден од делфините консумирал дури 8 отровни жолти морски змии - Hidrophis platurus, без да покаже ниту еден знак дека е поради тоа не се чувствува добро.

Во својот труд научниците објаснуваат како снимките им овозможиле подобро да ги разберат техниките на лов на делфините, како и нивната меѓусебна комуникација. Тие додаваат дека делфините во морнарицата се слободни да пливаат речиси секој ден на отворени води, но им се дава можност да заминат ако сакаат, иако такви случаи досега биле исклучително ретки.

Истражувањето е објавено во PLOS One.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе