Госенс: Со парите кои ми ги нудеше Њукасл ќе обезбедев неколку генерации

Новиот играч на Интер откри за баснословната понуда од Њукасл која успеал некако да ја одбие за да дојде во Милано.

Робин Госенс на крајот од зимскиот преоден рок премина од Аталанта во Интер. Не смени многу: бојата на дресот е иста, а Бергамо е на 20-ина километри од Милано. Но, можеше многу да смени доколку ја прифатеше богатата понуда на Њукасл.

„Мислам дека е многу човечки што нивната понуда ме стави во искушение. Тоа беше богата понуда. Ми беа понудени многу пари за да ја работам истата работа на друга локација. Именувајте ми некој кој би рекол 'не, благодарам'“, признава тој говорејќи за германски Kicker.

„Не се работеше тука само за мене, веројатно со тие пари ќе обезбедев неколку генерации од моето семејство“, вели тој, иако не ја откри сумата која му била понудена.

Латералниот бек сепак не се одлучи за парите и потпиша за далеку пореномираниот Интер кој се бори за титулата во Италија, а воедно настапува и во Лигата на шампионите, што не е случај со Њукасл. Токму тоа било пресудно и во неговата одлука.

„Пред да одлучам секогаш правам список со позитивни и негативни работи. Позитивно беше тоа што ќе играв во Премиерлигата и ќе заработував многу пари, но имаше и многу негативни работи. Не сакав да ги погазам целите во кариерата кои си ги имав поставено. Кога ќе ја завршам кариерата и ќе се погледнам во огледало, сакам да речам: 'Го извадив максимумот'. Со Њукасл сѐ се сведуваше на парите, а јас сум фудбалски романтичар на кого му нема спас“.

URL

Госенс во 2017 дојде во Аталанта за само 1 милион евра од холандкси Хераклес, клуб кој ќе ќари и процент и од неговиот трансфер во Интер. Моментално не му е на располагање на Симоне Инѕаги поради повреда на препоните која го мачи уште од крајот на септември. Се прогнозира дека дебито за Интер би можел да го има некаде во втората половина од месецов.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе