Град Скопје ги прогласи најдобрите во спортот за 2021 година

Теквондистот и најуспешен македонски олимпиец на последните Олимписки игри, каде што освои сребро, Дејан Георгиевски, е избран за најдобар спортист на Град Скопје, а наградата ја доби од градоначалничката Данела Арсовска. Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени и преостанатите најуспешните спортистки, спортисти и тренер на Град Скопје за 2021 година.

Традиционално и годинава Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградија најдобрите спортисти на Скопје за 2021 година, односно се избраа најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со попреченост и категорија перспективен млад спортист – кадет.

На свеченоста се обрати градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која им додели и дел од признанијата за најдобрите спортисти за 2021 година. Таа порача дека скопските спортисти во иднина  ќе добиваат голема поддршка од Градот.

„Во оваа година којашто беше тешка за сите нас имавме можност да се израдуваме на спортските успеси. Спортот најдобро го промовира и Градот Скопје и Република Македонија и затоа треба континуирано да се поддржува. Тоа Градот и досега го правел, а ќе го прави поинтензивно и во иднина. Од името на Градот Скопје, од името на советниците и од мое лично име сакам да ви ги честитам успесите. Се надевам дека ќе нѐ радувате уште многу години“, изјави Арсовска.

Покрај градоначалничката Арсовска, дел од наградите ги доделија и членовите на Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски, Петар Милетиќ, Василка Китановиќ и Мунира Куч.

Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени):
  1. Дејан Георгиевски – Теквондо клуб Бутел
  2. Могамедгаџи Нуров – Боречки клуб Вардар
  3. Викторија Варадинова – Кик Бокс клуб Шампион
  4. Бобан Илиоски – Кик Бокс клуб Шампион
  5. Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол
  6. Симона Заборска – Карате клуб Макпетрол
  7. Дарио Ивановски – Маратон клуб Делта
  8. Дрита Исљами – Атлетски клуб Работнички
  9. Филип Дерковски – Пливачки ватерполо клуб Орион
  10. Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта
Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени):
  1. Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол
  2. Столе Смилковски – Карате клуб Олимпик 2007
  3. Марија Спировска – Боречки клуб Вардар
  4. Мери Акиевска – Фитнес и аеробик клуб Магнус
  5. Миа Тодоровска – Кик Бокс клуб Шампион
  6. Калин Ивановски – Тениски клуб Југ
  7. Миа Блажевска Еминова – Пливачки и ватерполо клуб Орион
  8. Антонија Белазелкоска – Карате клуб Работнички
  9. Мила Младеновска – Карате клуб Работнички
  10. Александра Симева – Тениски клуб ПОИНТЕР ДООЕЛ
Најуспешен тренер

Д-р  Борче Костовски – Теквондо клуб Бутел

Најуспешен спортист - странец кој настапува во екипа од Скопје

Анте Гаџа – Ракометен клуб Вардар

Најуспешен спортист во категоријата на лица со попреченост

Андреј Стојановски – Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела вода
Стоилко Стоицев – Планинарски клуб Македон

Категорија перспективен млад спортист – кадет

Амар Хусеиновиќ – Тениски Клуб МТП Скопје

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе