Грешка која многумина ја прават, а го уништува автомобилот

Грешката што многумина ја прават е возењето со што помалку вртежи. Имаме вкоренето мислење дека ваквото возење носи бројни придобивки, меѓу кои и помала потрошувачка, но тоа не е точно.

Не само што нема да постигнете помала потрошувачка на гориво, туку и драстично ќе го скратите животниот век на моторот, особено ако возите со ниски вртежи под оптоварување.

При (пре)ниски вртежи моторот тешко се лади и подмачкува, а може да се случи на места да се скрши тенкиот слој од масло. Сето ова носи зголемено абење на деловите на моторот проследено со повисоки вибрации.

Критичните услови во кои никогаш не треба да возите со ниски вртежи се зголемените оптоварувања. Најочигледен пример е возење автомобил натоварен по угорнина, на пример кога одите на одмор. Возејчи во колона многумина се забораваат и остануваат на висок степен на пренос при ниски брзини.

Во овие случаи, никогаш не треба да одите под 2.000 вртежи во минута за бензинци, или околу 1.600-1.700 вртежи во минута за дизел. Имајте на ум дека во такви услови, дури и индикаторот за оптималното време на менување на брзината со кое се опремени поновите возила може да биде погрешен. Затоа, внимавајте кога автомобилот „препорачува“ повисок степен при ниски вртежи, а пред вас е мала угорница.

Исто така, не е добро да се забрзува од ниски вртежи, туку подобро е да се стави во помала брзина и потоа да се додаде гас. Во спротивно, со исти инерцијални сили поради ротацијата на коленестото вратило и движењето на клиповите, ќе има зголемување на силите на гасовите од согорувањето. Резултатот е неурамнотежена работа на моторот, што, заедно со вибрациите и лошото подмачкување, предизвикува зголемено абење.

Во оптималниот работен опсег, моторот најдобро влече и троши најмалку, оптоварувањето е најмало, а добро подмачкување и ладење се загарантирани. Затоа, можете да возите само со мали брзини на моторот ако автомобилот „крстари“ по прав пат или удолница.

Тагови
реклама

Авто новости

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе