Грешка на родителите која е формула за неуспех: Ги прави децата депресивни

Американската психоаналитичарка Ерика Комисар ја откри грешката што најчесто ја прават родителите, а тоа е „формулата за неуспех“.

„Забележав зголемен број деца што на рана возраст страдаат од анксиозност и депресија и почнав да ги читам сите истражувања што можев да ги најдам на оваа тема“, изјави таа за списанието Columbia.

Се разбира, родителите го сакаат само најдоброто за своите деца, но од добра намера понекогаш претеруваат во некои работи.

„Некои родители ги тераат своите деца да имаат само најдобри оценки. Не можам да ви кажам колку родители ми ги носат децата само затоа што не ги добиле најдобрите оценки. Тие се сигурни дека нешто не е во ред“, продолжи таа.

Како „формула за пропаст“ на децата, таа изјави дека родителите и училиштата претпоставуваат дека децата мора да бидат најдобри во сè. Таа ги советуваше повнимателно да размислат колку тоа психолошки влијае на најмалите бидејќи постојано се принудени да се натпреваруваат со своите врсници.

„Како го дефинирате успехот во животот на вашето дете? Зарем тоа не треба да значи тие да се среќни и ментално стабилни?“, праша таа.

Нонатаму наведе дека треба да им помогнеме на децата да ги запознаат своите вештини, но и да ги прифатат нивните ограничувања.

„Тоа е важно за самопочит и ограничување на моќта на егото, што е основа за издржливост во животот“, објасни таа.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе