Грозданова: Вакцината AstraZeneca е добра за лица со алеригии за разлика од таа на Pfizer

Претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, во вечерашното гостување на „Топ тема“ на телевизијата „Телма“ нагласи дека сите вакцини против COVID-19 се безбедни, но некои се покажале дека не се препорачливи за лица со алергии, како вакцината на Pfizer.

Во однос на вакцината на AstraZeneca, која треба да стигне кај нас во март преку КОВАКС механизмот, а за која во светот се води дебата околу нејзината ефикасност, Грозданова појасни дека таа се покажала неефикасна за јужноафриканскиот сој на вирусот кај постари лица. Но, дека вакцината е добра за лица со алергии.

– Голем број на земји се вакцинираат со AstraZeneca, вклучително и Обединетото Кралство. Вакцината на AstraZeneca е висококвалитетна. Она што се виде дека, всушност, не станува збор за безбедноста на вакцината, туку таа покажа помала ефикасност кај популацијата над 65 години. Но, вакцината обезбедува доволно антитела и кај оваа популација, односно обезбедува над 60 проценти заштита. Се потврди дека таа не заштитува од јужноафриканскиот сој на вирусот. Меѓутоа, тоа е нешто што може да го очекуваме во континуитет и за другите вакцини, заради мутациите ќе се јавуваат промени на самиот вирус, па вакцините, особено Pfizer и Moderna ќе мора да се адаптираат на новите мутации, објасни професорката Грозаднова.

Според неа, можеби треба да бидеме среќни што преку КОВАКС механизмот ќе ја добиеме токму вакцината на AstraZeneca, бидејќи таа се покажа дека е добра за лица со алергии и е со потврдена ефикасност.

Претседателката на Комитетот за имунизација потенцира дека приоритетите на нашите здравствени власти биле да добиеме вакцини кои се безбедни и ефикасни.

Таа вели дека според бројот на популацијата Македонија многу лесно и многу брзо ќе ја заврши имунизацијата доколку брзо пристигнат поголем број на вакцини.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе